среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Ќе ве здоболи главата од луксуз: Најбогатата жена го ожени синот, а плати 200 илјади долари за настапот на познатиот пејач! (ВИДЕО)

Нејзиното богатство се проценува на две милијарди долари. Сега го ожени синот и покажа како изгледа раскошот во полн сјај.

Фолоруншо Алакија беше домаќинка на свадбата за синот Фоларин, а гостите останаа без текст. Фоларин се ожени со иранската убавица Назанин, а свеченоста се случи во палатата Беленхеим и се проценува дека на венчавката се потрошени шест милиони долари.

За почеток, салата е украсена со милион бели ружи како и раскошната торта за младите. Гостите ги забавуваше Робин Тики кој за настапот добил околу 200 илјади долари.

The #bride and #groom working the dance floor… 💃🎶❤🕺 #floandnaza

A post shared by Ola/Tinuke (@ola.tinuke) on


Доста впечатливо е тоа што подот по кој се движат младоженците е од мермер со златна гравура од почетните букви на зетот и невестата. Гостите кои пристигнаа од сите страни на светот уживаа со највкусните специјалитети и секако најскапиот шампањ.

Погледнете дел од свеченоста:

And then @robinthicke 🎤performed! 😍 #floandnaza #nazaandflo SLIDE LEFT #robinthicke

A post shared by Ola/Tinuke (@ola.tinuke) on


 

 

#Коментари