среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Кој хороскопски знак е најсекси – проверете дали сте и вие

Хороскопскиот знак може многу да ни открие. Каква личност сме, што сакаме, што не сакаме, кој е нашиот талент… Но хороскопот може да ни каже и какви сме во љубовта, врските, како и во кревет. Погледнете кој хороскопски знак е најсекси и какво би било искуството со секој од нив.

 

12. Водолија

Водолиите најчесто се сами, бидејќи им е потребно многу време да се отворат пред партнерот. Оваа екстремно затворена природа на Водолиите не е секогаш ценета од нивниот партнер, па затоа тие се наоѓаат на дното на листата.

11. Јарец

Ова не значи дека Јарците се лоши љубовници. Но, врската со Јарец може да биде навистина тешка бидејќи тие се многу пребирливи кога станува збор за нивниот партнер. Ова често може да направи „ѕид“ помеѓу Јарците и некој друг знак.

10. Бик

Вљубувањето во Бик може да биде или најдобрата или најлошата одлука во вашиот живот. Додека Бикот е свесен што значи лојалноста, тврдоглавоста е она што може да предизвика проблеми. Ова често води до недоразбирање, а понекогаш и до досадно сексуално искуство.

9. Девица

Девиците можат да бидат навистина чудни во сексот, поради работите кои тие мораат да ги завршат после чинот. Но, допирот на Девиците е навистина нежен и грижлив, а ова го прави сексот со нив навистина убав.

8. Вага

Вагите се можеби најкреативните и најстрасните луѓе. Но, токму оваа креативност и страст може да ја направат Вагата посесивна кога станува збор за љубовни врски.

7. Близнаци

Близнаците се навистина страсни ако знаете како да ги возбудите. Ако знаете што сакаат во кревет, можеби ќе го доживеете најубавото искуство со нив.

6. Стрелец

Познато е дека Стрелците сакаат да истражуваат, а оваа желба не важи само за животот. Ако сте во кревет со Стрелец, можете да очекувате откачено и ново искуство кое сигурно ќе ве остави со насмевка.

5. Рак

Раковите се емоционални и страсни и тоа добро го покажуваат во кревет. Со Ракот можете да се спуштите најдолу, но и да се искачите највисоко – тие се вистинска луда железница, особено кога станува збор за сексот.

4. Лав

Лавот е бесен и доминантен, а ова додава нов вкус на неговиот сексуален живот. Страста и моќта кои зрачат од Лавот може да го излудат неговиот партнер. Но, Лавот може да ја покаже и својата нарцистичка природа, а тоа речиси сигурно ќе го уништи искуството.

3. Овен

Овните се страсни љубовници и сензуални партнери. Овие карактеристики придружени со желбата да го излудат партнерот за време на секс, многу често ја откриваат доминантната страна на Овните.

2. Риби

Со нивната незапирлива страст и желба за секс, старомодното водење љубов со овој романтичен знак е навистина одлично искуство.

1. Скорпија

Никој не љуби подобро од Скорпија. Всушност, Скорпијата е најсензуалниот и најстрасниот партнер во кревет. Кога сте со Скорпија, вие ќе бидете во вистински рај и ќе посакате тоа никогаш да не заврши.

извор:кафепауза.мк

#Коментари