петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

МНТ со „Животот е прекрасен“ на Денови на сатирата во Загреб

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов гостува на 41.Денови на сатирата во Загреб, на 18 јуни со почеток во 20 часот на големата сцена во Хрватско народно казалиште.

Фестивалот Денови на сатирата беше отворен на 2 јуни во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух. Овој познат фестивал кој секогаш бил многу посетен и се темели на претстави со висок жанровски и стилски распон, со моќна присутност на хрватски автори и авторски проекти.

Од вкупно 47 пријавени претстави, селекторите се одлучија за 15 наслови/претстави кои ја сочинуваат овогодинешната програмата, составена од дела на современи автори и авторски проекти, но застапени се и адаптации на класиците. Во селективната програма е и Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“.

Во програмата на 41-то издание Денови на сатарата ќе бидат одиграни шест хрватски претстави, три словенски, две од Србија, една од Македонија, Германија и Црна Гора, а една од претставите е српско-црногорско-унгарска копродукција.

Автори на претставите се: Семуел Бекет, Ричард Беан, Бобан Скерлиќ, Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мате Матишиќ, Арпад Шилинг, Иван Видиќ, а режисерски ги потпишуваат Саша Божиќ, Винко Брешан, Јануз Кица, Кокан Младеновиќ, Милан Нешковиќ, Вито Тауфер, Игор Вук Торбица.

Организаторите на фестивалот очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници, а затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата 41. „Денови на сатира Фидел Хаџиќ“, а оценката за најдобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во „Вечерен лист“, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец.

Душко Љуштина, директорот на Сатиричниот театар Керемпух, изјави дека од далечната 1976 година, секоја наредна година, претставите на најдобар можен начин ја промовираат сатирично-комедиографската литература. – Фестивалот оваа година е три пати поскап, па тоа веројатно значи дека е најдобар до сега, изјави Љуштина.

Освен во Керемпух, програмата Денови на сатира ќе се реализира и во Хрватско народно казалиште и во казалиште за млади во Загреб.

Извор: Курир.мк

#Коментари