понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

Види музика, слушни слика, добиј книга! на 22 јуни во Градски парк

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи на 22 јуни во Градски парк во Скопје.

Во организација на Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар во Градскиот парк во Скопје, под отворено небо, ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња – „Пинк Флојд“.

Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“ ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар. Диригирање и аранжман: Џијан Емин Солист: Ади Имери – вокал и гитара.

И годинава на подарок посетителите ќе добијат книга – „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог, а мелем за очи повторно ќе бидат ликовните перформанси, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.

#Коментари