понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 58

Македонската пејачка прво го покажа трудничкото стомаче, па обзнани кога ќе се мажи: Еве кој ќе и пее на свадбата на Сани!

Македонската фолк  пејачка Сани Апостоловска, сега Гроздановска, прво го покажа трудничкото стомаче, а сега и обзнани кога ја закажале свадбената веселба и кој ќе им свири и пее на свадбата на неа и нејзиниот избраник Мартин.

Таа во моментов ги врши последните подготовки за семејната веселба, која, како што самата најави во една ТВ емисија деновиве,  ќе се одржи на 27-ми август, датумот кога и беше запросена.

На музички план, последно  остварување на пејачката беше нејзината песна “Кафана”.

„Оваа песна ја промовираме околу Нова Година, и се’ уште ја туркаме неа, пред да продолжиме со снимање на новите песни“ – истакна Сани.

Свадбата која како што споменавме е веќе закажана за 27-ми август ќе се одржи во хотелот „Њу Стар“ лоциран во скопско Визбегово, а гостите ќе ги забавуваат Либеро Бенд и Куку Леле. Секако се очекува и невестата да запее… за своја душа и мерак на пријателите, роднините и  сватоштините!

#Коментари