недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 49

Наде Талевска го покажа своето М.М.М. богатство, Сани се воодушеви, а оваа и возврати: „Мила и ти се богатиш се’ повеќе“

Македонската естрада можеби во последно време и не е така активна на музички план, ама затоа кога се свршувачките, свадбите и  мајчинството во прашање, веројатно сме лидери во регионот.

Неодамна, поп пејачката  Наде Талевска Спасовска го доби и своето трето дете и то по трет пат машко чедо. Така братското М.М. дуо стана братско М.М.М. трио… Или поточно, на Михаил и Максим им се придружи најмалиот  Матео.

Мама Наде никогаш посреќна, ја искористи можноста за прв пат сите три чеда да гои покаже на социјалните мрежи, па со полна душа со право напиша во постот: „Моето богатство… Мојот свет… Моето- се!!!“  

 

Разнежнета од фотографијата и максимата на Наде, нејзината „сестра по микрофон“, фолк пејачката  Сани Гроздановска, (која е трудна и очекува уште една принова – прва во новоформираното семејство по ќеркичката од првиот брак), искрено ја искоментира фотографијата на колешката со зборовите: „Ова не се купува со пари“! А Наде пак, на тоа и возврати со довитлив коментар: „Така е мила… Гледам и те се богатиш се повеќе, полека, полека…!“ 

 

#Коментари