вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 47

Заради неа македонскиот пејач своето презиме го замени со нејзиното име, а таа на тато му возврати со европска титула!

Подоброупатените во македонската естрада знаат дека пред неколку години македонскиот пејач Мартин Србиновски своето презиме го замени со името на својата ќеркичка Мила, па оттогаш е попознат како Мартин Мила!

 Мартин секој слободен миг го користи да биде заедно со својата ќеркичка, кон која многу  е приврзан. И ако заради таа љубов македонскиот пејач своето презиме го замени со нејзиното име,  таа се потруди на најдобар начин да му возврати на тато… Со европска титула во хип-хоп танци!

Во конкуренција на 27 танчери од 19 земји  шестгодишната ќеркичка на Мартин, Мила Србиноска, членка на танцовотостудио „Брејк а Лег“ стана победник на Европското првенство во Хип -Хоп танци кое се одржува во Полска и е во организација на IDO International Dance Organization и Полската танцова федерација.

Покрај Србиновска,  се очекува настапот и  на јуниорската екипа кои се актуелни светски вицешампиони, а настапуваат на 18 јуни 2017 во конкуренција на 50 екипи.

 

#Коментари