петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

Она што требаше да биде обично нуркање, охриѓанката ќе го помни цел живот: Наташа му кажа ДА на Никола под вода!

– Никола сакаше на уникатен начин да ја запроси девојката со која долго време е заедно, па ме контактираше да организираме нешто. Му реков само да испечати банерче и да го земе прстенот. Му кажав, другото остави ми го мене. Дојдоа и сите знаевме за настанот освен Наташа. Малку им дадов интро во нуркањето и заедно со тимот од „Амфора“ влеговме кај Музејот на вода каде тој ја запроси под вода.

zaprosuvanjepodvoda2

Се` беше во најдобар ред и како што очекувавме, со многу искрени емоции, вели меѓународниот нуркачки инструктор од клубот „Амфора“ Јован Секулоски.

Вистина.мк им посакува на Никола и Наташа многу среќа  и радости во заедничкиот живот.

Извор: Охрид Прес

Фото: Амфора

#Коментари