петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

Вардар го доби и второто засилување

Вардар денеска го ангажираше и второто засилување во летниот преоден рок. Станува збор за фудбалерот од средниот ред Бесар Исени, кој што во следните три години ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Исени во Вардар доаѓа од екипата на Шкупи.

besar-iseni

„Време беше за нов предизвик во мојата кариера. Мислам дека направив правилен избор со тоа што станав дел од Вардар. Клубот секогаш има амбиции да биде на првото место и да освојува титули, а тоа беше една од причините затоа што дојдов тука. Ќе давам се од себе на тренинзите да се наметнам кај стручниот штаб и да добијам шанса во екипата на Вардар. Во оваа екипа имам можност да напредувам и да се надоградувам како играч. Од оние кои ги познавам, ми рекоа дека во тимот се работи на високо, професионално ниво. Со нетрпение очекувам да добијам шанса и да играм во Вардар. На крај благодарност до раководството и до стручниот штаб за довербата. Сигурен сум дека ќе бидam добро прифатен од моите нови соиграчи“, изјави новото засилување на Вардар, Исени.

Исени потекнува од фудбалската школа на Шкупи, а има настапувано за помладите селекции на репрезентацијата на Македонија. Тој е второто засилување на Вардар откако шампионот претходно се засили со стоперот Висар Муслиу.

извор:курир

#Коментари