среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Го „спасуваше“ својот автомобил од градот и стана хит на интернет (ВИДЕО)

Пред некој ден  падна град… Со големина на пинг-понг топче. Градобијни ракети -нигде, а земјоделците во паника. Коси кубат и се мислат:  што ли малер беа, што ги снајде ваква несреќа, отиде родот јабана?! Бога ми, не е лесно. Ама како и да е нив можеби некако и ќе ги обесштетат, па и субвенции имаат…

А замислете вчера да си купил нов, скап автомобил, па го паркираш пред зграда, а веќе денес мава град и автомобилот – решето!? Е за да ја избегне таа катастрофа, еве како еден јадник реши да се бори со градот за да го заштити својот тукушто купен љубимец на 4 тркала.

Погледнете го видеото, иако не ви препорачуваме да го имитирате посочениот јунак:

#Коментари