вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 58

Боби Мојсоски на привремена работа кај Тончи Хуљиќ во дуетот – „Ја би да сан опет мали“ (ВИДЕО)

По Емил Арсов кој замина да живее во Лондодн, нашиот Боби Мојсовски го завзеде неговото место во бендот „Мадре бадеша“ (Madre Badessa) на  хрватскиот хитмејкер Тончи Хуљиќ .  Деновиве тие го претставија видеото за својата прва соработка, во песната насловена „Ја би да сан опет мали“. Промоцијата започна на хрватскиот ТВ канал Це-Ем-Це (CMC – Croatia Music Channel), еден ден по промоцијата на истоимениот сингл на фестивалот „Це-Ем-Це“ во Водице, Хрватска.

„Синглот зборува за безгрижните и убави денови од нашите детства, за љубовта, среќата и време кога секој ден ни беше исполнет со радост. Зборува за тоа како на денешниот свет му треба повеќе од таа невина љубов која секое дете ја има. А овој видео запис е пародија и има хумористична содржина. Ќе ве насмее, расположи и ќе ви го исполни денот со позитивна енергија“ –  вели Боби.

Музиката на песната е на Тончи Хуљиќ, текстот на неговата сопруга Вјекослава, аранжманот го попишува повторно Хуљиќ, заедно со Душан Васиќ.

Режисер и монтажер на видеото е Рино Барбир, директор на фотографија Милан Латковиќ, а за светлото се погрижил Нино Марини.

По овој сингл, Боби напоменува дека следуваат уште многу планови и соработки со Тончи, еден од најпознатите регионални хитмејкери, познат како автор на некои од хитовите на „Магазин“, Оливер Драгојевиќ, Данијела Мартиновиќ, Петар Грашо, Јелена Розга…!

Како звучи оваа премиерна соработка на нашиот Боби со познатиот далматински композитор можете да слушнете и видите од видеото во продолжение:

#Коментари
[fbcomments]