недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Последиците од долготрајното користење на технологијата можеби нема да ни бидат познати уште долго време, бидејќи за тоа се потребни истражувања на подолг рок. Меѓутоа, она што го знаеме сега е дека треба да се заштитиме себе и уредите за да траат подолго.

Пожелно е да го исклучувате Wi-Fi рутерот или барем опцијата на телефонот, како и Bluetooth и другите безжични конекции кога не ги користите. Во најмала рака, направете го тоа за да го продолжите животот на батеријата.

Најновите истражувања за мобилна технологија покажаа дека безжичните конекции, посебно Wi-Fi-то, треба да ги исклучувате навечер. Причината е во тоа што Wi-Fi сигналот ѝ штети на батеријата бидејќи уредот е постојано поврзан на мрежата без потреба.

Тоа го скратува животниот век на батеријата, но и нејзиниот капацитет што со тек на време опаѓа.

Ако вашите уреди поддржуваат нагодување на работата на Wi-Fi конекцијата може да наместите да се исклучува навечер. Ако некој итно ве бара сигурно ќе ви се јави, нема да ве контактира онлајн.

Ако вашиот телефон не нуди опција за автоматско вклучување и исклучување на Wi-Fi конекцијата, потсетете се да го направите тоа рачно. Стручњаците за овој вид технологија советуваат да го исклучувате и Wi-Fi рутерот кога не се користи интернет конекцијата за други уреди, за да се намали нивото на зрачење и стрес.

Извор: Гсм.мк

#Коментари