четврток, 21 септември 2017  |  Вести денес: 66

Колку чини најскапото паркинг место во светот

Најскапото паркинг место во светот е продадено во Хонг Конг. За правото на користење на површина од 17,5 квадратни метри платени се 5,18 милиони хонгонгски долари, што е околу 664.300 американски долари, пишува весникот Ming Pao, цитиран од агенцијата Bloomberg.

Зделката била остварена на крајот на мај, а изданието наведува дека за помала сума во Хонг Конг може да се купи гарсониера во најелитниот дел од градот. Во исто време кога е платено местото, во реонот за 538.400 долари е купен стан со површина од 26,4 квадратни метри, кој располага со две соби.

Според информација на весникот South China Morning Post, купувач на најскапото паркинг место во светот е локалниот претприемач Куан Ваи Мин – извршен директор на компанијата Huarong Investment Stock Corporation. Во последните три години, 58-годишниот бизнисмен купил 2 апартмани и 3 паркинзи во Хонг Конг, а платил вкупно 88,5 милиони хонконгски долари (11,3 милиони американски долари).

Извор: Автоплус.мк

#Коментари