петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

Голем човек со уште поголемо срце: Столе Стоилов направи грст добри дела од кои ќе го сакате уште повеќе!

За ракометниот капитен кој стана херој на Македонците по добивањето на европската шампионска титула, Стојанче  Стоилов,  добро знаете дека го остава своето срце на терен и се бори до последен здив за победа.

Но, неговата душа освен за спортот и најблиските е резервирана и за една безусловна љубов од која постојано е ненаситен, пред се да помогне. Станува збор за силната љубов која Стојанче ја чувствува кон животните, особено бездомните кучиња. Стоилов не многу е либерален во објавување на моменти од приватноста на социјалните мрежи, но затоа кога станува збор за бездомните животни, тој секојдневно е активен со нови објави од животинчиња на кои им треба помош и сопственик.

 

Целиот Фејсбук ѕид на ракометниот ас е исполнет со вакви објави од здруженијата за заштита на животните на кои имено исто така им помага.

Како голема спортска ѕвезда со огромен број пријатели и следбеници, веруваме дека токму оваа негова доблест ќе направи да го засакате уште повеќе.

#Коментари
[fbcomments]