петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

(ФОТО)Беше позната по раскошните облини, а сега се преполови: Македонската пејачка драстично го смени изгледот!

Музиката е нејзината најголема љубов, а уште од мали нозе музичкото училиште е нејзина определба, исто така и во академските денови.

Во период на матурски и апсолвентски прослави и пејачката Елена Миленковска ја прослави досегашната едукација на факултетот за музичка уметност каде стигна до апсолвент.

Во својата досегашна кариера Елена издаде неколку синглови, но токму поради тоа што музиката е нејзината главна професионална определба, од Елена можеме да очекуваме многу повеќе. На социјалните мрежи таа објави неколку фотографии на кои покажа како изгледаше на овој важен ден, а од истите може да се забележи дека пејачка е значително истанчена. Беше позната по раскошните облини, а сега особено се истакнуваат нејзините долги и витки нозе. Во една прилика Елена изјави дека не се доживува како секс-симбол и се сака онаква каква што е.

-Си се сакам самата себе си, но не можам да кажам дека се доживувам како секс-симбол. Никој не е совршен, па така ни јас, изјавува пејачката.

Чисто за споредба, еве како изгледаше Елена Миленковска пред неколку месеци:

#Коментари
[fbcomments]