среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

(ФОТО) Македонскиот пејач во афера со колешка постара од него цели три децении!?

За разлика од домашните медиуми, таблоидите во регионот многу пожестоко и поразлично ги пренесуваат информациите за познатите личности. Иако публиката понекогаш знае да забележи дека во нашите медиуми има многу помпезни наслови, веројатно ќе се сложите дека соседите во Србија тоа го прават многу понападно и попримамливо.

Една таква вест во Србија се појави и за нашиот познат пејач Адам Лабунски кој откако се истакна во „Ѕвездите на Пинк“ редовно ги полни порталите. Еден таков сочен трач се појави за него и колешката Зорица Марковиќ која е цели три децении постара од него. Тоа што се појавија заедно во јавност и се возеа во ист автомобил беше доволно за написот дека Адам и Зорица се во врска.

Поради ова Адам требаше да даде повеќе изјави во кои го негираше напишаното и појасни дека сака врски со млади девојки, а аферата ја искоментира вака:

-Како што наведувате, тоа е само афера. Никогаш не би бил со постари жени, но признавам дека имаат најголемо искуство, се оградува Адам од поврзувањето со Зорица за еден српски медиум.

#Коментари
[fbcomments]