среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Гоца Тржан ја отвори душата за банкротот: Оваа лекција скапо ја платив во животот!

Пејачката Гоца Тржан за српски Ало открива дали е пред банкрот, како и тоа која животна лекција ја платила најскапо.

Гоца вели дека не ја допира изјавата на новопечената колешка Санија дека ќе ја закопа естрадата, бидејќи смета дека таа не и е конкуренција и само зборува напразно.

-Сигурно нема да учам од Станија. Одличен и е маркетингот што објавува војна на естрадата. Мене не може да ме загрози бидејќи јас се занимавам со музика, а таа не го прави тоа, вели Гоца.

На прашањето дали е пред банкрот, таа вели дека вложува многу во музика и секогаш е близу до банкрот.

-Јас сум личност која не позајмува пари. Научив неколку лекции во животот кога се парите во прашање. Доживеав неколку непријатни ситуации кои многу ме чинеа, но таа лекција скапо ја платив, искрено проговори Гоца.

#Коментари
[fbcomments]