вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 58

Јубилеен концерт на камерниот хор „Франце Прешерн“

Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија и Словенечкото здружение „Франце Прешерн“ во Скопје вечер организираат јубилеен концерт на камерниот хор „Франце Прешерн“ при ова здружение под диригентската палка на маестро Томислав Шопов.

 

Концертот е по повод 20 години од постоење на хорот,  25 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Словенија и Македонија и Денот на државноста на Република Словенија.

Гости на концертот ќе биде камерниот хор „Моис Хасон“ при Еврејската заедница во Република Македонија.

Концертот ќе се одржи во Катедрална црква „Пресвето срце Исусово“ во 19:30 часот.

извор:Курир

#Коментари