недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на внатрешно реструктуирање и пред кадровско освежување

Ние не седиме со скрстени раце. ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на внатрешно реструктуирање, и пред кадровско освежување. Партијата ги прави последните подготовки за новиот начин на дејствување во новосоздадената ситуација. Во тек се консултации и внатрепартиски дијалог за промени и корекција на се она што е наша слабост и грешки, креирање и на нови политики во различни области каде недостасуваа или беа застарени или запоставени,…. во тек е внатрешна обнова и подготовка за нов почеток, ново утро, кон повторно враќање на власт на најмоќната, најголемата и најуспешната политичка сила во Македонија, изјави Никола Груевски на прославата на 27-миот роденден на партијата.

-Ако во 2003. наследив заринкан брод, и заедно со Вас, успеавме за 2 до 3 години да го направиме машина за реформи, напредок и победи, која на европско и светско ниво беше запазена како топ реформатор во многу области,  денес, се е различно. Ако тогаш тргнавме поразени со подршка од само 8 отсто а СДСМ  дури 31 отсто, денес е тоа многу поинаку и подобро за нас, кога станува збор за довербата. Јаловите напори криминалците од СДС нас сосила да не прикажуваат криминалци, јаловите напори со нереализирани, амбициони, а без капацитет луѓе да не, јас би рекол деформираат, нема да успеат, рече Груевски.

Тој нагласи дека ја разбира политичка борба, но како што подвлече, „ова што го прават е многу повеќе од тоа, и ќе им се удри од глава“.

-Работевме чесно и одговорно. Со љубов и беспоштедно. Грешки и пропусти имаше, но во споредба со успесите, реформите и сите постигнувања тие беа мали, а и тие во периодот кој следи ќе ги исправиме.  Доправа народот ќе види разлика помеѓу СДС и ВМРО. Ама не на зборови и празни ветувања, не на маргинални и мали работи, туку на дела, на вистински и крупни чекори како што се правеа во секоја област, и грижа за својот народ и држава. А и СДСМ која решила онака ,,демократски,, да се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ доправа ќе ја види ВМРО-ДПМНЕ, и допрво ќе се соочи со народот, кој денес веќе доволно се разбира, и се му е јасно, рече Груевски.

извор:курир

#Коментари