петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

БАНКАРОТ СТАПИСАН : Лила стана како Баба Ванѓа – го погоди милионот во „Се или нешто!

Иако речиси никогаш не ја користи својата интуиција, овој пат познатата водителка Лила Филиповска уште при најавата на една од емисиите на „Се или нешто“ неделава, навести и погоди дека и „мириса“ на висока добивка.

Натпреварувачката Сања од Скопје целеше кон одредена сума која успеа да ја земе во износ од 55 илјади денари, не ја послуша интуитивната Лила и го пропушто милионот кој се криеше во нејзината кутија.

Разочарана беше и Лила која за време на играта дури се договори да патува со потенцијалната милионерка која поради недостиг на храброст како и претходните 19 кандидати го испушти милионот од  раце.

#Коментари
[fbcomments]