среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 44

Близначки стројни како газели: Мајката природа се заборавила кога ги дарувала кочанчанките Марија и Магдалена! (ФОТО)

Во време кога извештачениот изглед станува се поактуелен и се поголем број девојки забораваат на природната убавина, стана се поретко припадничките на понежниот пол на здрав начин да ја добијат  посакуваната форма.

Младите 26 годишни близначки од Кочани Марија и Магдалена за себе велат дека не би можеле да го замислат својот стил и начин на живот без спортот и вежбањето. Дека посветено се трудат да изгледаат атлетски и секси потврдуваат  фотографиите на нивните профили на социјалните мрежи каде имаат бројни следбеници.

-На сите им препорачуваме да бидат физички активни. Во денешно време се почесто го слушаме изговорот дека не може да се најде време за вежбање, но ако бидеме реални сигурно би си признале дека тоа е само изговор. Можеби звучи како клише, но секој почеток е тежок, за исполнетоста, самодовербата и здравјето, вреди да се проба и издржи, освен она што ни го дала мајката природа, физичката активност е клучна за добара нега, како внатрешна, така и надворешна, велат близначките за Вистина.мк

Функционираат неразделно една од друга, а покрај истиот избор на факултетот за правни науки, Марија и Магдалена имаат исти пасии и кон модата и патувањето.

26 годишните сестри обожаваат да создаваат женствени креации и да позираат во нив, што нема да биде чудно дизајнот да стане нивна примарна професија.

Доколку ви треба мотивација за вежбање, тогаш сигурно Марија и Магдалена се вистинскиот поттик.

#Коментари
[fbcomments]