понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

Ристе Ристески полета од среќа – она што му се случи во Белград ќе го памети засекогаш!

Талентираниот млад пејач Ристе Ристески  е единствениот Македонец кој после неколкумесечна борба успеа да се издвои меѓу најдобрите кандидати во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Овие неколку дека Ристе е доста активен на социјалните мрежи бидејќи има со што да ја радува својата публика. Имено, Ристе по полуфиналната емисија со одличната изведба успеа да го добие својот билет за големото финале кое ќе се случи на 28-ми јуни во студиото на „Гранд“ продукција во Белград.

Интересно е тоа што оваа сезона за прв пат ќе бидат прогласени двајца победници, едниот ќе го избере публиката, додека другиот жирито заедно со сите таинствени гости кои се појавуваа во улога на 7-ми член.

Победниците ќе добијат автомобили, албум, спотови и квалитетен маркетинг, а пак останатите кои нема да успеат да стигнат до победа, ќе снимаат по една песна како утешна награда од продукцијата.

#Коментари