среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Македонската пејачка пред породување го покажа стомакот во прв план!

Оваа година се покажа како плодна и дарежлива со бракови и бебиња кај познатите Македонци.

Меѓу оние кои бројат ситно до породување и остварување во улогата на мајка е и поранешната пејачка, а сегашна стилистка за шминка – Софија Манева.

Како што неодамна откри во медиумите, Софија треба да се породи на Петров ден, односно почетокот на месец јули, а иако е речиси пред породување таа темпераментно ги минува последните труднички денови.

За опуштање и подготовка, кавадарчанката Софија и сопругот редовно уживаат во природа, а деновиве пак одмараа и покрај море, каде идната мама позираше во костим за капење со стомакот во прв план.

#Коментари
[fbcomments]