сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Променливо облачно со засилен северен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер.

 

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 18 до 26 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје слично време, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 23 степени.

И во понеделник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а потоа во текот на следната недела времето ќе биде сончево со умерена облачност. Дневната температура ќе биде во пораст.

извор:курир

#Коментари