вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 58

Португалија ја совлада Србија во првиот меч на ЕП во нашата група

Репрезентацијата на Португалија со победа го отвори Европското првенство (ЕП) во Полска, откако на стадионот во Бигошч со 2-0 (1-0) славеше над Србија.

Португалците ги искористија единствените две сериозни шанси на мечот кои ги добија и дојдоа до големи три бода на првиот натпревар.

Првиот гол во мрежата на Србија го постигна Гонзало Гуедес, кој во 37. минута налета на една одбиена топка од голманот Милинковиќ-Савиќ и со глава ја смести во мрежата, додека вториот гол беше дело на Фернандез кој погоди во 88. минута по една одлична асистенција на Бруно Фернандез.

Што се однесува до останатиот дел од натпреварот, уште во 5 минута Португалија имаше убава шанса да постигне гол, но при ударот на Жота сојузник на Србија беше стативата, а Србија најдобрата прилика ја имаше во 27 минута, но Ѓурѓевиќ не успеа да погоди.

Вреди да се напомене дека српската репрезентација имаше и поништен гол во 46 минута, кога стрела Ѓурѓевиќ, но судијата покажа офсајд, додека во второто полувреме Грујиќ и Радоњиќ имаа шанси да изедначат на 1-1, но ударите завршија крај стативите.

Вториот натпревар од групата „Б“ го играат репрезентациите на Македонија и Шпанија, од 20.45 часот на стадионот „Миејски“ во Гдиња.

Сподели 20 Твитни

извор:рсм

#Коментари