понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

Близнаците пристинаа – се породи Бијонсе!

Познатата американска пејачка Бијонсе роди близнаци, јавуваат светските медиуми.

Засега не се познати имињата на децата и полот, а Бијонсе се породила во приватна клиника наместо дома како што претходно се пишуваше.

Списанието „Пипл“ објави дека пејачката и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи се пресреќни и веќе почнале да им ја кажуваат веста на своите роднини и најблиски пријатели. Тие веќе ја имаат пет годишната ќерка Блу Ајви.

Во февруари Бијонсе објави фотографија на Инстаграм” на која се гледаше дека е бремена. Тогаш таа соопшти дека очекува близнаци.

#Коментари