петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 56

УХМР најавува нов температурен шок од вторник

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 24 Гевгелија, 23 Д. Капија, 22 Струмица, 21 Охрид, 19 Штип, 18 Тетово, Битола, Скопје, Виница, 17 Претор, Прилеп, Пожаране, 16 Тополчани, Берово, 15 Крива Паланка, Лазарополе, 14 Маврово, 12 Ѓуриште.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот: 1 Виница, >0 Берово, Тополчани.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, во попладневните часови со слаб локален дожд. Дуваше умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, во Штипско со брзина и од 60 км/час.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Променливо облачно со умерен, на места се уште повремено засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно со сончеви периоди, а само во планинските подрачја на југот и североистокот од земјава е можен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Т-мин. од 6 до 14, а т-макс. од 20 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура до 12, максималната до 26 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од вторник следува период на претежно стабилно и топло, а кон крајот на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток.
извор:курир
#Коментари