четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Ултра партизација на МВР: Заев го назначи министерот за партиски потпретседател

СДСМ сериозно го загрозува ДУИ. Заев оди по нови албански гласови со назначувањето на Мухамед Зекири за потпретседател на СДСМ.

СДСМ ја продолжува целосната партизација на Министерството за внатрешни работи (МВР) со назначувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за потпретседател на партијата.

СДСМ вечерва соопшти дека за потпретседатели на партијата се избрани министерот Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО на СДСМ, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на ИО и остануваат потпретседатели Дамјан Мачневски и Фросина Ременски.

За нов генерален секретар на СДСМ е избран досегашниот потпретседател на партијата, Александар Кирацовски. Дополнително, со назначувањето на Мухамед Зекири за нов потпретседател СДСМ сериозно се загрозува на ДУИ и Заев порачува дека ќе оди по нови албански гласови.

Исто така, на виделина излегува лицемерието на СДСМ кои во минатото обвинуваа за партизација, а сега кога ја имаат власта, тоа го практикуваат директно на дело.

Во предизборието, за Заев проблем беше Гордана Јанкулоска да биде и министер и носител на листа, бидејќи требало да се знае „што е партија, а што е држава“. Но, затоа сега за Заев не е проблем министерот за внатрешни работи да биде и потпретседател на партијата.

-Не може Гордана Јанкулоска да биде ем носител на листа, ем министер, говореше Заев.

Дојните стандарди на Заев се потврдуваа уште тогаш, така што техничкиот министер за внатрешни работи Спасовски беше поставен за носител на втората изборна единица. Ем носител на листа, ем министер со сите полицајци на избори, баш онака како што во случајот со Јанкулоска за Заев не беше прифатливо.

Дополнително, министерот Спасовски сега е поставен за потпретседател на СДСМ.

извор:курир

#Коментари