петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

Нова книга на Ирена Христова – „Од длабочините на моето срце“

Во своето најново поетско остварување, Христова на читателите им ги понуди своите стихови полни со совршена едноставна искреност.

Професорката Соња Карбева во рецензијата посочува дека од првиот до последнот стих од оваа книга, ние сме сведоци на една голема, чиста и искрена добрина.

Таа истакнува дека оваа книга нé соочува со сознанието кое не е ново, а сепак понекогаш го забораваме. Тоа е сознанието дека, често, во едноставноста и искреноста е сокриена неоткриената големина на совршеноста. ,,Од длабочините на моето срце‘‘ е втора поетска книга на Ирена Христова.

За своето поетско творештво Христова е добитник на низа награди и признанија како во Македонија така и надвор од неа, во Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Италија.

#Коментари