петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

Неделен хороскоп 19 Јуни – 25 Јуни

Овен

Работа

Проблемите од минатата неделва премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно е време да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Нависитна во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.

Љубов

Во љубовта ќе имате повеќе среќа. Вашиот партнер ве разбира, а тоа во моментот и најповеќе ви треба. Слободните претставници имаат одлични шанси но се обидуваат да ја најдете вистинската личност. Ако сте во брак ќе бидете помалку себични и ќе размислувате така како што вас во моментот ви одговара.

Здравје

Солидно, внимавајте во сообраќајот.

Бик

РаботаЌе се соочите со реалноста. Трезвено размислувате и јасно знаете што сакате, а воедно сте свесни за фактот поради кој не го остварувате тоа. Препреките кои сте ги имале ќе останат зад вас и ќе можите да се соочите со реалноста која е пред вас. Препуштете се на брановите на ентузијазмот и самите ќе се уверите дека сте го одбрале вистинскиот пат. Извонредно функционирате во тим, па очекувајте успех таму каде што се бара ваков начин на работа. Посветете си најповеќе внимание на себе, настојувајте да се опоравите од стресовите и незгодите, почнете од денес, бидејќи ви треба подолго време. Штедете ја енергијата и избегнувајте расправии.

ЉубовВо приватниот живот ситуацијата е вообичаена, без некои позначајни настани. Избегнувајте кавги со партнерот, бидете поискрени и само така ќе можете да ја зацврстите врската. Слободните ќе поставуаат високи критериуми кога избираат партнер. Можеби донекаде и сте во право.Семејството од вас ќе бара поголема присутност во домот.

ЗдравјеСтабилно, но внимавајте од повреди.

Близнаци

Работа

Искористете го периодот за завршување на поважните работи, бидејќи енергијата ви е на високо ниво. Ќе работите промислено сигурно без да се двоумите. Ќе поминете лесно во избегнувањето на обврските, па ќе можете да се зафатите со приватни работи. Во комуникациите ќе ви биде потребна дискретност, бидејќи преголемата импулсивност може да го промени мислењето кај некои луѓе од кои зависи вашата иднина. Можеби и ќе испаднете смешни. Не го дозволувајте ни тоа. Прифатете го мислењето на мнозинството за некои спорни случувања. Нема потреба да спречувате нечие влијание или да се издвојувате од групата на соработници.

Љубов

Во сентименталните односи ситуацијата е дојдена до крајот превземете нешто додека не биде касно. Партнерот има замерка на вашето однесување. Обрнете внимание на искажаните зборови, особено на пораката која се крие помеѓу редовите.

Здравје

Здраствената состојба ви е нестабилна внимавајте на жолчката и белите дробови.

Рак

Работа

Можностите не ви се така поволни, а нема ни да имате некои возбудувања и разочарувања. Едноставно периодот ќе го поминете мирно. Ќе се занимавате со вообичаените активности, а ќе имате се повеќе енергија за постепено рашавање на недоразбирањата кои постојат во деловните односи. Настојувајте да бидете објективни согледувајќи ја општата состојба и не избрзувајте со ниту една одлука. Квалитетните услови ви овозможуваат подобро работно изразување. Постои можност за недорзбирања и непријатност со луѓето на повисоки положби: шеф, професор и др. Истовремено една поволна соработка благо делува врз вашиот раст. Бидете отворени за нови решенија.

Љубов

Во емотивниот живот сеуште не сте ги средиле работите во вашата глава, a незнаете и како да го сторите тоа. Ако сте слободни ве очекува средба со некоја многу оргинална личност кој ќе остави голем впечаток кај вас. Оние кои се во брак ќе решаваат стари, но и нови проблеми. Ќе бидете целосно концентрирани на пратнерот и вашиот однос.

Здравје

Стабилно, сепак внимавајте на кожата, забите и коските.

Лав

Работа

Ќе се најдете во ситуации кои предизвикуваат голем ризик и бараат значителна моќ на импровизација, а многумина од вас ќе гледаат со резерва на проблемите. Треба да вложите доста труд за да воспоставите добри односи со околината. Потрудете се да ја стекнете потребната сигурност во себе за да можат вашите односи да бидат успешни. Повеќе движете се и комуницирајте, а од сето тоа извлечете конструктивна поука. Направете нешто повеќе за средување на вашата финансиска состојба. Ограничете ги трошоците, не вложувајте во ризични трансакции и не ги расфрлувајте парите само на ваши лични задоволства и забави. Мислете на иднината.

Љубов

Не прифајќајте расправии со партнерот, бидејќи можат да се претворат во големи кавги. Толерирајте го однесувањето на партнерот зошто може да ви даде причина за љубомора. Контролирајте се повеќе. Ако сте во нова врска можеби ќе се разочарате и ќе размислувате што поскоро да ја прекинете.

Здравје

Добро, ви треба сон, потрудете се порано да си легнувате в кревет.

Девица

Работа

Неделава ќе доживеете многу убави моменти на работното место, па тоа ќе ви даде дополнителен елан во извршувањето на работните задачи. Добро ќе се чуствувате и ништо не ќе можи да ја наруши вашата психофизичка рамнотежа. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Финансиската состојба не е стабилна, а моижни се непалнирани трошоци. Обрнете повеќе внимание на парите кои ги заработувате.

Љубов

Во љубовта ќе имате убави моменти со партнерот, но ве советуваме на повеќе толеранција. Некој ваш стар пријател ќе ви овозможи да се запознаете со мошне интересна личност која веднаш ќе реагира на вашето додворување. Во кругот на вашето семејство ситуацијата е одлична ќе решавате за некои сериозни прашања.

Здравје

Ќе ве служи одлично само ако се потрудите да го рационализирате вашето трошење на енергија што е нагласено во овој период.

Вага

Работа

Посветувањето на работата во моментот е одлична терапија за вашите проблеми. На работното место подобро ќе ја контролирате околината отколку во домот и семејството. Можете да најдете нови извор на заработка, но бидејќи сте во една нестабилна ситуација можно е да не обрнете доволно внимание на она најважното. Оние кои се занимаваат со некој бизнис ги очекува успех и напредување. Ве очекува убаво друштво со вашите колешки особено за машкиот пол додека пак жените можат да очекуваат да се појави успешен маж кој ќе му понуди деловна соработка. Не одбивајте.

Љубов

Настаните во семејстовто и на љубовен план ќе ве потсетат на вашите слаби точки. Нешто ќе ве врати назад. Ќе имате проблеми со некоја блиска роднина заради вашето агресивно настапување, кон еден член од вашето семејство. Ако сте слободни ќе ви донесе ново романтично познанство, кое нема да замине подалеку од убаво дружење.

Здравје

Здраствената состојба ви е добра, избегнувајте тешка и мрсна храна.

Скорпија

Работа

Енергијата неделава ќе ви биде на многу високо ниво. Нема да имате никакви проблеми на работното место, вообичаените работи се движат во свој тек. Комуникациите ви се живи ќе имате средби и разговори кои треба да бидат вовед во нешто ново. Истовремено сте доста напнати тоа можеби не се одразува не некои настани, но помалку ве дестабилизира. Авантурите и рискантните зафати можат да ви бидат многу штетни. Бидете внимателни во работите поврзани со државната администрација.

Љубов

На ова поле се е под контрола, а наскоро ќе биде и саканата личност. Ја разбирате неопходноста за задоволување на потребите на емотивен план, па ќе се фокусирате на тоа. При решавање на важни проблеми најпрво треба да тргнете од себе. Очекувајте финансиска добивка. Осамените имаат големи шанси да си го средат сентименталниот живот. Ќе добиете неочекуван подарок кој пријатно ќе ве изненади.

Здравје

Измерете го крвниот притисок можеби тоа е причината за вашите вртоглавици.

Стрелец

Работа

Состојбата ви е доста напната. Се повеќе луѓе од околината кај вас предизвикуваат отпор и нетрпеливост. Избегнувајте поголеми друштва и собири, а стеснете го кругот на луѓе со кои работите. Луѓето кои ве опкружуваат не ви се наклонети, а настојуваат да ве оневозможат на било кој начин. Ќе се занимавате со семејни прашања и превирања. Ќе се нервирате поради односите со вашите домашни и не ќе можете да им докажете некои основни работи за кои мислите дека не се во право. Тешко ќе ви оди средувањето на станот или некои други домашни обврски, а со гостите едноставно ќе бидете нељубезни особено со ненајавените. Ви треба релаксација. Време е да си посветите време лично за себе и да се релаксирате од работата. Не го запоставувајте вашето хоби.

Љубов

Обидете се да го изразите сето она што го чувствувате и по никоја цена немојте тоа да го сокривате. Наклонетоста на вашиот партнер многу ќе ви значи. Во брачниот живот се зависи од вашето прилагодување.

Здравје

Чуствително, внимавајте на дишните патишта и белите дробови. Намалете со цигарите.

Јарец

РаботаПотрудете се малку да го намалите животното темпо. Ќе мора да го промените амбициозниот начин на размислување и да бидете пофлексибилни во деловните акции. Пред да тргнете во акција би било добро да ги решите сите заостанати проблеми од порано. Ќе бидете ладнокрвни кога вашите претпоставени нема да имаат разбирање за вашите потреби. Обрнете повеќе внимание на некои важни документи и приложете ги навреме ако не сакате да имате проблеми со државните ограни. Покажете повеќе разбирање кон некоја постара личност од вашата близина.

ЉубовЕмоционалните односи не ви се стабилни, погрижете се повеќе за оваа свера на животот. Нежноста и љубовта од вашиот партнер ќе ви бидат најпотребни оваа недела, па сторете нешто тоа и да го добиете. Некои Јарци особено слободните ќе уживаат во авантури. Јарците во брак ќе се трудат да ја одржат стабилноста во односите со партнерот.

ЗдравјеЗдравствената состојба ви е одлична, но сепак на вашиот огранизам му требаат витамини.

Водолија

Работа

На работното место ве очекуваат проблеми. Конфликт кој веќе долго време стои меѓу вас и вашиот претпоставен ќе дојде до својата кулминација. Наспроти тоа ќе добиете пофалби од луѓето кои умеат да го ценат вашето залагање и лојалност. Карактеристично за неделава е тоа што ви се одлично аспектирани комуникациите, па поради тоа ќе чуствувате и помала напнатост. И понатаму мора да се чувате од расправии, во работите поврзани со пари и понатаму ве пратат потешкотии, па би било добро да ги избегнувате сите активности поврзани со поголеми суми. Ако работите со странство бидете посебно внимателни да не доживеете загуби.

Љубов

Едноставно неделава ќе сакате да се општите. Ќе бидете мошне задоволни од околината, пријателите и семејството, бидејќи ќе бидат многу љубезни со вас. Повеќе време ќе бидете со вашиот партнер, а тоа многу ќе ви годи. Подгответе се за љубовниот бран кој ќе ве зафати и прифатете ги идеите од вашиот партнер.

Здравје

Чуствително, но нема потреба од многу грижа. Опуштете се.

Риби

Работа

Ќе превземете повеќе обврски и со тоа ќе се истакнете во работната средина. Воопшто нема да ви биде тешко да му помогнете на колегите и пријателите, а можно е да работите и прекувремено. Одлично ќе се снаоѓате во ситуациите кои бараат било каков вид на комуникација особено писмена или телефонска. Ако сте индивидуален работник има големна шанса да ја проширите дејноста и неа да ја модернизирате. Тргнете во сопствени победи наметнувајте се и отворете ја вратата на успехот. Финансиската состојба ви е добра, а затоа можеби ќе се решите на купување не некои работи. Одморот и семејниот живот од вас ќе бараат да му се поветите во потполност.

Љубов

Неделава ќе го запоставувате вашиот партнер. Иако тоа повеќе пати ви дошло до глава, дозволувате неважни работи да ви го загрозуваат животот. Превземете ја работата во свои раце. Осамените би можеле да најдат нова љубов, но во ново друштво или пак во некоја неочекувана ситуација. Ќе бидете подготвени да заведувате.

Здравје

Чуствително-можни се проблеми со крвотокот и вените.

Извор: Астромагазин.мк

#Коментари