петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

Фолксваген го претстави новото Поло: Изгледа прекрасно, а цената изненадува…

Германскиот производител Фолксваген денес во Берлин ја претстави шестата генерација на својот модел Поло.

Популарниот модел на Фолксваген се наоѓа на пазарот од 1975-та година, а последната генерација го здогледа светлото на денот во 2009-та година, при што пред три години истата генерација беше освежена.

Сепак, веќе одамна беше јасно дека дојде времето за нова генерација на Поло, па шестата генерација е претставена денес. Успешната приказна на овој модел, шестата генерација ќе се обиде да ја продолжи со чистиот и моќен дизајн, пространата внатрешност и ефикасните погонски решенија.

Новото Поло пристигнува со бројни технолошки достигнувања како што е системот за помош при возење, па се добива пакет на возило кој што во текот на презентацијата од Фолксваген го опишаа како комбинација на харизма и технолошки достигнувања на автомобилот кој што нема конкуренција на пазарот кога е во прашање просторот во својата внатрешност.

Каросеријата на новото Поло кое што е развиено на платформата MQB A0 порасна, а со тоа порасна и багажниот простор од 280 на 351 литар. Возачот во новото Поло добива системи кои што досега беа резервирани само за возачите на Голф и Пасат.

Покрај темпоматот, LED предните светла, функцијата coming-home и leaving-home, системот за надзор со автоматско сопирање и препознавање на пешаци – сето ова се наоѓа во основниот пакет на Поло кој што на германскиот пазар ќе стартува со цена од 12,975 евра.

Дигитална инструментална плоча, централен екран со дијагонала од 6,5 до 8 инчи, hands-free клуч, панорамски покрив, бежично полнење на паметен телефон… ова се опции кои што ќе ја подигнат цената, но исто така ќе го направат автомобилот попривлечен. Од останатите системи, во дополнителните пакети ќе се нудат системи за помош на возачот како што се надзор и предупредување за мртов агол, преминување од возна лента и слично.

Шестата генерација на Поло нуди избор од 11 различни варијанти и бои за внатрешноста, 14 каросериски бои и 12 сетови на фелни. На европскиот пазар новото Поло пристигнува со бројни опции на агрегат со сила од 65 до 150 коњски сили, како и во својата GTI верзија со 200 коњски сили која што од 0 до 100 км/ч развива за 6,7 секунди.

Извор: Точка.мк
#Коментари