понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

СРАМОТА: Уставното име за Аднан Џафероски е болест, херпес и сифилис, а Зоран Заев повторно го стави во ИО на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ, вчера ги комплетираше органите на партијата, што не се избираат на Конгрес.

За членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, Централниот одбор ги избра Стефан Богоев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Максим Димитриевски, Ѓоко Танаскоски Петар Атанасов,Спасе Глигоров, Есра Салихи, Нина Велкова, Хари Локвенец, Дијана Ќурчиска, Тања Ковачев, Аднан Џафероски, Маја Миленковиќ и Кети Василевска.

Изборот на Џафероски за член на Извршниот одбор доаѓа само неколку дена откако Џафероски ликуваше на скандалозниот статус на еден од главните идеолози на СДСМ, Бранко Тричковски, кој преку пост на својот ФБ профил искажа полна омраза кон уставното име Република Македонија.

-Болест. Уставното име ми е како херпес, како стомачен вирус, како сифилис, понекогаш го доживувам као астма и менингитис, ме тресе како кравјо лудило! Го мразам! Превртувам желки во дворот во надеж дека ќе го избркам од мојот живот, пишува Тричковски.

Со овој избор СДСМ наместо да се откаже, го награди Џафероски со место во Извршниот одбор поради тоа што сметаше дека името на државата е мизерија, херпес и сифилис.

 

#Коментари