понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

Малме противник на Вардар во квалификациите за ЛШ

Шведскиот првак Малме е противникот на Вардар во второто квалификациско коло за фудбалската Лига на шампиони.

Ова е епилогот по денешната ждрепка во Нион, Швајцарија.
На првиот натпревар кој ќе се игра на 11 или 12 јули, вардарци ќе гостуваат, додека реваншот во Скопје ќе биде на 18 или 19 јули.

Можни противници на Вардар беа и екипите на Селтик (Шкотска), Легија (Полска), Марибор (Словенија) Розенборг (Норвешка) и Хафнарфјордур (Исланд).

Вардар во моментов е на подготовки во Австрија и има амбиција да помине барем една рунда во квалификациите за ЛШ.

#Коментари