среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Среќа и „проклетство“: Жителите на оваа куќа истовремено живеат во две држави

И покрај интересната локација на куќата, сегашните сопственици Брајан и Џоан ДуМолин сакаат да ја продадат куќата, а голем проблем им претставува пронаоѓањето на купувач...

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа да се живее во две држави? Во тој случај, оваа куќа на североамериканскиот континент би била идеален избор за вас!

Оваа куќа во Вермонт, навидум обична, многу се разликува од сите други! И тоа, поради многу необична причина. Имено, еден дел од куќата се наоѓа на територијата на САД, а другиот на територијата на Канада. Да, и пред влезот е обележана границата.

И покрај интересната локација на куќата, сегашните сопственици сакаат да ја продадат, но голем проблем им претставува пронаоѓањето на купувач, па се чини дека животот во две држави истовремено и не е толку едноставен…

„Доколку постои некаков проблем, не можете само да ја напуштите куќата и подоцна да се вратите, туку секој пат мора да поминете низ граничниот премин“, објаснува овој брачен пар кој ја наследил необичната куќа уште во далечните седумдесетти години. Посебен проблем е и доаѓањето на нови цариници, кога треба повторно да се поминува низ сите процедури за преминување на границата, затоа што луѓето не ве познаваат.

Се` на се`, животот во ваква куќа има и предности, а тоа е фактот што тука никој никогаш нема ништо да ви украде. Имено, куќата се наоѓа под 24-часовен надзор и од канадската и од американската страна, па ако ништо друго, секогаш ќе бидете заштитени.

Извор: Точка.мк

#Коментари