петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 57

Проблемот со праските кулминира, земјоделците почнуваат со блокади на патишта

Дознаваме дека проблемот со откупот на праските колуминира, а најпогодени се земјоделците од Росоман и Кавадарци. Со откупна цена од само 2 денари килограм, невозможно е да се покријат основите трошоци, цена која е далеку од посакуваната нормална од 20 денари од килограм.

Родот скапува на нивите, додека Владата дозволила увоз на праски од соседните држави. Денес земјоделците најавија блокади на патиштата во текот на утрешниот ден кои ќе траат секој ден се до конечно исполнување на барањата.

Производителите на праска бараат ограничувања на увозот на праски и интервенција на влада со нудење на зголемена субвенциите за праски за минимум 50 осто. Тие бараат и веднаш да се донесе мерка за стоостотно обештетување на овоштарите погодени од овогодинешното невреме.

-Владата рече дека ќе не обештетите, но нема никаква конкретна одлука, ниту ппак процент со кој ќе не обештети, ако тоа не е целосно, тогаш ние ќе пропаднеме, велат росоманските овоштари.

Извор: Кури.мк

#Коментари