петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

Светлана го родила најголемото бебе на светот, а тоа дете сега има 8 години – пронајдете го на фотографијата

Најголемиот проблем со кој ова 8-годишно дете се соочува е пронаоѓање на адекватна гардероба.

Осумгодишниот Каран Синг од Индија е највиското дете на светот – висок е дури два метри!

Каран истакнал дека сака да порасне уште повеќе, за да ги направи своите родители горди, пишува Daily Mail.

Детето, кога се родило, било најголемо бебе на светот, со висина од 60 сантиметри и тежина од шест килограми и 350 грама.

Каран денес може да застане рамо до рамо со Владимир Кличко. Неговата мајка Светлана е највисока жена во Индија и е професионална кошаркарка. Таа е висока 2,18 метри. Таткото Санџај е исто така висок, но само за нијанса повисок од својот 8-годишен син.

Според зборовите на Санџај, неговиот син Каран има специјална исхрана, зема суплементи и живее здрав живот, но истакнува дека неговото семејство најверојатно има вишок хормони за раст.

“Каран редовно го водиме на ендокринолог. Досега, тестовите не покажаа никави проблеми и се е нормално. Каран има добра кондиција и нема никакви интерни проблеми”, изјавил гордиот татко.

Најголемиот проблем со кој ова 8-годишно дете се соочува е пронаоѓање на адекватна гардероба.

“Кога ќе завршам со домашните задачи, одам надвор да си играм со пријателите, а исто така играм и кошарка со мајка ми. Таа ме тренира уште од мојата петта година, и сакам да играм исто како и таа. Исто така, сакам наука. Му се допаѓа тоа што сум висок како мојата мајка. Сакам да бидам повисок од неа и да ги направам моите родители горди” вели Каран.

Каран веќе два пати влегол во Гиниовата книга на рекорди. Прв пат кога бил роден како најголемо бебе, а сега и како најголемо дете на светот.

Извор: Точка.мк
#Коментари