среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 62

Дојде животот- ветувањата веќе не важат (ВИДЕО)

Ветувањата од предизборната кампања на СДСМ веќе не важат. Во кампањата СДСМ ветуваше дека доколку дојдат на власт предлогот за државен Јавен обвинител ќе го дава опозицијата, но не си остана доследна на зборот.

-Социјал-демократскиот сојуз има вистинска чесна намера да го ослободи од влијание државниот Јавен обвинител. Во таа насока предлагаме и мерка која што ќе го донесе тоа очекување што го испорачуваме, а дека државниот Јавен обвинител ќе се избира на предлог на опозицијата. Со тоа што ниту еден министер независно од која власт и да е, ќе нема право да помисли на незаконска работа или одредена злоупотреба, токму заради оваа некаква политичка независност на државниот Јавен обвинител, изјави поранешната техничка министерка од СДСМ, Фросина Ременски на партиска трибина.

Сепак, ова ветување од СДСМ доаѓаше пред изборите, кога тие беа опозиција, па се поставува прашањето дали социјалдемократите тоа го ветуваа зашто би им одговарало доколку останеа во опозиција? Сега кога СДСМ дојдоа на власт ова ветување не важи, па по барањето од владата за оставка на Марко Зврлевски, социјалдемократите на негово место веројатно ќе донесат партиско решение.

Извор: Курир.мк

#Коментари