среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Нелоски: Ние ќе бидеме тука, да ги потсетуваме СДС што ветиле и што треба да направат

Од ВМРО-ДПМНЕ изразија надеж дека ќе продолжат сите проекти кои ги започна мината Влада, а кои се за добро на младите, кажа претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во гостувањето во вестите на Алфа ТВ. Тој надополни дека тие ќе се погрижат да бидат реализирани и проектите кои се ветени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Јас искрено се надевам дека сите проекти кои што веќе се започнати, а се во врска со младите ќе продолжат. Но, исто така се надеваме дека и останатите проекти кои што ги имавме во нашата програма, од кои што директен бенефит ќе имаат младите луѓе ќе бидат реализирани. Ние како пратеничка група ќе се погрижиме да ги доставиме тие закони, законски решенија, проекти и реформи во одредени делови, за да го подобриме животот на сите млади. Ние ќе сме тука како ВМРО-ДПМНЕ и како УМС, да ги потсетуваме СДС што треба да направат, што ветиле во изборната програма, но што ветиле и надвор од оваа изборна програма за која што бараа поддршка од граѓаните. Но, се разбира да не заборавиме и ние што ветивме и нашите проекти ќе се обидеме да се реализираат и да имаат бенефит младите од нив, вели Нелоски.

#Коментари