петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

Даштевски: СДСМ најавија департизација во МВР, а Спасовски доби уште повисока партиска функција

СДСМ рекоа дека ќе се департизира и МВР и дека поради тоа Министерот Оливер Спасовски даде оставка од функцијата Генерален секретар на партијата, од причина што го избраа за министер за внатрешни работи. Образоложението беше дека оставката се дава од овие причини, а сега Спасовски е избиран на уште повисока функција, изјави аналитичарот Александар Даштевски во изјава за ТВ НОВА коментирајќи го изборот на новите потпретседатели на СДСМ.

Тој се осврна и на изборот на Мухамед Зекири за потпретседател на партијата, верувајќи дека се работи за враќање на долг.

-Во однос на функцијата на Мухамед Зекири сметам дека таа функција е одработена и се работи за враќање на долг. Зекири обезбеди средства, а со тие средства беа купени и гласови од страна на Албанците, истакна Даштевски.

#Коментари