среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Нелоски: Дескоска ќе биде еден од најголемите дереформатори како министер за образование

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски во гостувањето во вестите на Алфа телевизија вели дека ако денот се познава по утрото, Рената Дескоска како министер на СДСМ ќе биде еден од најголемите дереформатори како министер за образование.

-Новата министерка успеа во првите неколку недели да ги остави за прв пат по долги години студентите од „Гоце Делчев“ во сред испитна сесија без струја. Тоа е еден од нејзините успеси во минатиот период. Освен дисперзираните студии најавија укинување и на Кембриџ програмата. Ние како ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период гледавме да правиме работи кои се позитивни за младите луѓе. Да правиме проекти, реформи од кои бенефит ќе имаат и студентите, и средношколците. Наместо министерката да гледа што е лошо во Кембриџ и каде може да има подобрување или да гледа како да ги подобри условите во училиштата, таа најавува дека ќе ја укине оваа мерка без никаква анализа на резултатите, ниту најава за некаква дебата, ниту да се слушне гласот на средношколците, посочува Нелоски.

#Коментари