понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

Зошто треба да избегнувате возење со гориво на резерва?

Многу возачи практикуваат да ги извлекуваат последните километри од резервоарот, што е пракса која треба да ја избегнувате доколку ви е важен животниот век на вашата пупма за гориво, а со тоа и вашите пари.

Задачата на оваа автомобилска компонента е едноставна – да го праќа горивото од резервоарот до моторот. Проблемот лежи во процедувачот, филтерот и електричниот мотор. Горивото во вашиот автомобил на пумпата за гориво и служи како средство за ладење.

Кога во резервоарот нема доволно гориво, електромоторот работи под поголемо оптоварување, а горивото го лади помалку. Горивото служи и како лубрикант, а неговиот недоволен проток предизвикува побрзо трошење на ротирачките делови на пумпата.

Не треба да заборавиме и на седиментот кој се таложи во на дното од резервоарот, кој може да го затне филтерот и да ја докрајчи пумпата за гориво.

Поради овие причини, избегнувајте да возите кога горивото е на резерва.

Погледнете го видеото кое убаво објаснува како функционира пумпата за гориво:

Извор: Кајгана.мк
#Коментари