сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Јелена Спенџарска: Си фатив дечко и супер ми е!

Новинарката Јелена Спенџарска која се појавува и како водителка на естрадниот ТВ магазин „Екстра Ексклузив“ ја даде својата лична препорака за книга, филм, изведувач и музички албум по свој вкус, за читателите на Вистина.мк.

jelena spendzarska

Книга: Како да се сака од Ошо. Книга која што ни кажува дека ако сакаме некого, треба да ја сакаме  личноста таква каква што е, да не бараме премногу од неа зошто така уште од самиот почеток ги затвораме вратите кон љубовта. Ништо да не очекуваме, едноставно ако даваме љубов, љубов и ќе добиеме. Книгата ја смени мојата перцепција за љубов. Сфатив дека таа е слобода.vИ ако ти ја пуштиш личноста која ја сакаш на слобода –таа секогаш ќе биде твоја. Чудна работа, но откако ја прочитав и почнав да ги применувам советите, и ги сменив погледите кон некои работи – си фатив дечко… и супер ми е.

Филм: Обожавам психолошки трилери. Има доза на мистерија во нив по која полудувам. Филм кој на сите би им го препорачала е од шпанска кинематографија и се вика СКРИЕНО ЛИЦЕ (La cara oculta) Се работи за една девојка која сакајќи да ја тестира љубовта на своето момче,прави многу необичен но и погрешен потег. Верувајте филмот нема да ви излезе од мисли подолго време.

jelena-spendzarska2

Изведувач: Дефинитивно Ријана. Не толку поради  нејзините хитови,колку што ја обожавам како икона. Девојката диктира мода со се што ќе облече,секоја нејзини фризура станува мега хит низ светот,секоја тетоважа остава белег кај младите кои уште наредниот ден ја имаат истата. Ми се допаѓа што може да направи се што ќе посака… и тоа со стил.

Музички албум/песна: Freedom од Акon. Периодот кога беше актуелен албумот се наоѓав во многу тежок период од мојот живот и некако неговите текстови ми помогнаа полесно да излезам од тој круг. Некако се беше сведено на тоа дека во животот не зависи се од тебе,постојат многу работи кои не можеме да ги контролираме и некои грешки се случуваат чисто за да созрееме. Многу психотерапевтски делуваше на мене тој албум и затоа го одвојувам како посебен.

jelena-spendzarska

#Коментари