понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

Amara – нова суперјахта на компанијата Oceanco

Amara е новиот возбудлив концепт на суперјахта, која ја претстави блијантниот тим на компанијата Oceanco, за време на саемот на наутика во Дубаи.

Овој брод со должина од 120 метри е резултат на соработката со Sam Sorgiovani Designs и претставува величенствен проект, осмислен така што нуди доволно простор за 20 гости во луксузна и многу раскошна атмосфера.

Главната палуба на оваа јахта има базен со бар, отворени балкони и голем простор за забава, додека палубата за сончање е лоцирана пред киното на отворено. Други подеднакво импересивни погодности се големиот велнес дел, каде патниците веројатно ќе го поминуваат најголемиот дел од своето време.

Сопствениците на оваа прекрасна јахта ќе добијат прилика да уживаат во големиот мастер апартман, кој поседува прекрасен базен и al-fresco трпезарија, што секако дава до знаење дека оваа јахта е вредна за Вашето внимание и пари.

Извор: Точка
#Коментари