понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 65

SuperWine – Еротска мешавина од море и вино (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Производители и љубители на вино од целиот свет минатиот викенд се собраа на винскиот настан „SuperWine“, кој по петти пат се одржа во луксузниот тиватски Јахтинг клуб, во Црна Гора.

Конценпцијата на овој настан е нешто помеѓу летна винска забава и салон на вино на отворено, со програма со музички и моден дел, што го прави единствено винско случување на Блаканот. Винските љубители можеа да дегустира вина од над 20 врвни винарии од Црна Гора, Србија, Словенија, Хрватска, Италија, Франција и Германија. Посетителите освен во виното уживаа и во оригиналната црногорска пршута и острги.

SuperWine и оваа година ја задржа титулатата на единствен „романтичен“ салон на вино во регионот, на кој може преку непосреден контакт со производителите да дознаете се што ве интересира за виното.

Спојот на луксузна архитектура и раскошна убавина на природата во Тиват оваа годнина донесе посетители од сите страни на светот.

Оваа година немаше македонски вина, но беа присутни добри етикети од другите земји во регионот.

Црногорската винска репрезентација ја сочинуваа винариите: Радевиќ, Липовац, Савина и Крговиќ.

Од Србија беа винариите: Звонко Богдан, Ластар, Ковачевиќ и Јеремиќ, додека пак од Словенија се претставија винариите Полич и Мовиа со своите интересни еколошки вина.

Единственото хрватско вино кое можеше да се дегурстира на SuperWine беше леденото вино Борден.

Италијанските „вински бои“ на овогодинешниот SuperWine ги бранеа винаријата Кантине Бертани, пуљанската винарија Монтеверди, Фантинел од Фриули, потоа Фонтанафреда од Пиемонте и винската куќа Санта Маргерита со понуда на вина од различни региони на Италија. Љубителите на просеко уживаа во популарните етикети на Фантинел и Мионето. Љубителите на француски вина можеа да пробаат разни шампањи од Пајпер-Хедсик и шаблиа од Домен Жан Дуруп.

Оние кои освен во вино уживаат и во други алкохоли, можеа да пробаат и ракија од дестилеријата Жариќ од Србија.

Освен во добрата капка вина, посетителите на јахтинг клубот, кој е дел од луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват, втората вечер уживаа и во модниот перформас на срепската креаторка Лепа Данојевиќ и нејзината имењачка, светски познатата креаторка на накит Лепа Галеб Роскоп, која работи за Мисахара.

Како што границите на вкусовите и луксузот секојдневно се поместуваат, така и од салоните од овој тип следната година се очекуваат нови исчекори.

#Коментари
[fbcomments]