понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 55

„Комитаџи“ – нов музички проект на Кирчо, Еди и Мусо (АУДИО)

Популарниот „трачер“ Кирчо Арсовски, заедно со Андреј Анастасов-Еди и Мустафа Јонузовски-Мусо, го објавија албумот „Во сарајот“, под името „Комитаџи“. Вокалите и гитарските делници се на Кирчо Арсовски, Андреј Анастасов-Еди  свири на тапани, а Мустафа Јонузовски-Мусо на бас.

„Во сарајот“ содржи единаесет песни, а комплетен автор на музиката и текстот е Кирчо Арсовски. Албумот, кој е снимен на 17 јуни 2017 во студиото на Андреј Анастасов-Еди, можете да го слушате на Саундклауд, каде што е достапен и за бесплатно симнување.

#Коментари
[fbcomments]