понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 56

Фејсбук врие од разголени „Македонки“: Само „дебили“ се палат на лажни профили!

 

Фејсбук стана попопуларен од телевизијата, понеопходен од читанка… Младите се повеќе „киснат“ на социјалните мрежи секаде во светот, па и кај нас! Катаден се будат и легнуваат со „буричкање“ по социјалната мрежа, постирање  нови фотографии, ставање нови постови, пишување коментари…

Мрежата се претвори во колективен воајеризам, од кој најголеми „пазачи“, вообичаено се тинејџерите. ем имаат најмногу време, ем се во години кога се најљубопитни, па собирањето искуство им е  хоби број еден… Ма кое хоби… домашна работа им е!

А во морето од познанства, најмногу, најслатки и најглупави се оние со непознато „другарче“, кое како по правило е од лажен профил!  А „другарчето“ најчесто е разголена „другарка“ со завидни облини, која редовно постира провокативни фотографии на кои  нејзините нови другарчиња „го дрват“…

Па следуваат лајкови, комплименти, понуди за средба, викенд  тури, туристички патувања, одмори, подароци… Ма се ќе дадат, само да ја запознаат „непознатата“ која всушност… и не постои! Фејсбук врие од разголени Македонки! Нормално, во прашање се лажни профили!

Ама кому да објасниш?! И после имало напади, силувања, манијаци, педофили… Па како да нема, кога на лажни профили се палат само „дебили“!?

Затоа многу подобри беа старите добри времиња кога некого можеше да запознаеш, само ако се погледнете очи в очи! Затоа јас сум многу повеќе за „FACELOOK“ отколку за  FACEBOOK!

#Коментари