среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 44

На повидок СКАНДАЛ: Жрепката во Лигата на шампионите е наместена? (ВИДЕО)

Фудбалската Лига на шампионите е наместена? Швајцарците објавија и видео докази, се огласи и УЕФА!

Како што е познато, минатиот петок се одржа извлекувањето на плејоф двојките од Лигата на шампионите, а топчињата во кои беа имињата на екипите ги извлекуваше генералниот секретар на Џорџо Маркети.

Швајцарски „Блиц“ го објави спорното видео кое покажува дека Маркети од едното топче извади две ливчиња. Потоа едното од нив го  фрлил под маса. Друго парче хартија го покажа, а на него гопишуваше името на германскиот бундеслигаш Хофенхајм, кому за противник му се падна  премиерлигашот Ливерпул.

Набргу потоа се огласија и од еевропскат куќа на фудбалот, а ставот на  УЕФА  во однос на целата приказна е следниов:

„Маркети го  игнорираше  едното (ливче)  парче на хартија, бидејќи тоа немаше никакво влијание во однос на жрепката“ –  објаснија од  УЕФА за Sport1.de.

Имало или немало влијание, на повидок или не скандал…?  Како и да е, за сега останува дека Хофенхајм ќе биде во плејофот на Лигата на шампионите каде за противник ќе го има славниот Ливерпул. Погледнето го спорниот момент на видеото во продолжение:

Извор: Спортске новости.хр

#Коментари