среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 44

На Супер Скопје на 18 и 19 август: Сергеј Ќетковиќ и Бајага на кејот на ГТЦ

Супер Скопје,  четири супер викенди во Скопје. Супер Скопје е проект во организација на Град Скопје и Конгресниот центар Александар Македонски, Горила продукција како и сите угостителски објекти каде ќе се одржат настаните наредни четири викенди. Првиот викенд е резервиран за настапите на регионалните и домашните музички ѕвезди на “Кеј 13-ти Ноември“.  Музичката програма започнува на 18.08.2017 во петок со настапот на Сергеј Ќетковиќ, додека на 19.08.2017, сабота настап ќе имаат Бајага и неговите Инструктори.


Бината за настапот на Сергеј Ќетковиќ ќе биде поставена помеѓу локалите Bella Vista и Casa Cubana, додека бината за настапот на Бајага и Инструктори ќе биде поставена помеѓу ресторан Dion и Soul Kitchen.

#Коментари