вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Ја прекина тишината од 20 години: Возачот на принцезата Дајана прв пат јавно проговори за кобната ноќ!

Возачот на принцезата Дајана вчера за прв пат зборуваше за медиумите после 20 години од кобната ноќ во која настрада Дајана. Тој во емисијата „Добро утро, Британијо“ признал дека би сакал тој да е зад воланот, сметајќи дека таа ноќ возеле пребрзо.

Колин Тебут, еден од нејзините најлојални асистенти, отишол во болничката соба во Париз веднаш после нејзината смрт решен да се погрижи за деталите кои следат. Раскажал дека на прозорот ставил ќебе за никој да не може да види што се случува внатре.

Зборувајќи за моментите после смртта на принцезата Дајана, Тебут раскажал дека било „многу тешко и емотивно да се гледа личноста како лежи на креветот, а не во мртовечница“.

Најдов некои вентилатори да ја разладам собата во која беше навистина топло. Додека се шетав наоколу, трепките и косата на принцезата се подмрднуваа од воздухот и тоа навистина ме погоди. Морав да се свртам, да размислам за се околу 30-тина секунди и да продолжам со она што го правев, рекол тој.

Тебут раскажал дека за време на несреќата бил во кревет, а присетувајќи се на Дајана, рекол дека имала смисла за хумор, и спрема вработените се однесувала со почит, но и додал дека кога е во прашање кралското семејство, постоела граница која не требало да ја помине.

Ниту еден прекорен збор не слушнав за две години, рекол тој.

Тие години пред да умре, беше добро и се чинеше дека ужива во животот и беше среќна, рекол Тебут.

#Коментари