понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 66

Ноне се огласи: Еве дали навистина ќе стане мајка на Јамајка!

Откако Вистина.мк ја начна темата за „отеченото меше“ на поранешната македонска поп-пејачка Ноне Неделковска кое можеби е знак дека за неа дојде време за репродукција, се огласи и лично Ноне.

Морепловката не остави да помине многу време за нагодување кај јавноста, па откако ги погледна дневните македонски таблоидни вести, веднаш ја откри вистината и својата страна на приказната за зголеменото стомаче.

Ноне е позната како духовита и темпераментна девојка која и оваа шпекулација ја подгреа со интересен коментар.

-Луѓе, не сум трудна… дебела сум. Фала пријатно, напиша таа.

Бројните Фејсбук пријатели кои ги има на својот профил веднаш и коментираа дека и не е така лошо наскоро да стане мајка, а исто така дека и зголеменото стомаче, одлично и стои.

Случајно или не, Ноне деновиве ја промени својата насловна фотографија на социјалната мрежа со таква од голи бебиња од која самата потврди дека е слаба на нив, а во вистинското време и на своето секако…

 

#Коментари
[fbcomments]